Александер Зверев нема да игра за Германија во мечевите од Дејвис купот во Хамбург откако уште има „екстремни болки“ и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.
Германскот тенисер е во аут откако ги скина лигаментите во скочниот зглоб во мечот против Рафаел Надал во полуфиналето на Ролан Гарос во јуни. Тој го напушти теренот во количка, по што беше на операција на трите скинати лигаменти во левиот зглоб. Надежите за брз камбек се зголемија откако 25-годишниот Зверев беше именуван во германскиот тим за Дејвис купот, но тој вели дека е невозможно да направи брз камбек.
„Можеби малку претерав, и сега имам екстремни болки. Дури и кога одам не се чувствувам најдобро. Морам да внимавам бидејќи се собра течност во скочниот зглоб и има ризик за фрактура. Ќе ми бидат потребни многу недели, најверојатно месеци пред повторно да морам да се натпреварувам“, изјави Зверев.