Јанис не дозволи изнанадување- Грција ја совлада Чешка за четвртфинале на ЕП

Малку недостасуваше и последниот осминафинален натпревар на Евробаскет 2022 да заврши со идентичен резултат како на останатите три од денешната програма.

Грција триумфираше во Берлин со 94:88 над Чешка, а потсетување дека со ист резултат од 94:86 денеска славеа Полска, Финска и Италија.

Доброто отварање на натпреварот и донесе на Грција двоцифрена предност уште во воведните минути (16-6), но како што одминуваа минутите Чешка успеа да ја консолидира својата одбрана, да најде вистинско решение во нападот и изеднчи по првата четвртина (20-20). Чесите на моменти беа и подобриот противник до крајот на првото полувреме па со серијата од два коша во низа на самиот финиш на втората четвртина стигнаа до предност од 41-45.

Добриот моментум на Чесите им дозволи контрола на резултатот на отварањето на второто полувреме, но и покрај тоа што во поголемиот дел од третата четвртина Грците бркаа негатива, не дозволија Чешка да се одлепи. На влезот во последните десет минути Грците имаа негатива од четири поени (63-67), а конечно го скршија отпорот на противникот на средината на последниот дел.

Добрата игра во одбраната дозволи лесни поени во нападот па во еден момент на крилја на Јанис Адетокумпо, Грција поведе со осум поени (80-72). Чесите до крајот се обидоа да се вратат во игра, но немаа сили да ја сведат негативата под четири поени.

Јанис Адетокумпо со дабл-дабл од 27 поени и 10 скока беше лидер на Грција, а него го следеше Калатес со 14 поени и 6 асистенции. Весели беше лидер на Чешка со 21 поен, додека Хрубан додаде 17 поени.

Комплетирани се четвртфиналните двојки на континенталниот собир, бранителот на титулата Словенија ќе се соочи против Полска.

Европско првенство 2022

Четвртфинале, двојки –

13 септември
Германија – Грција
Шпанија – Финска

14 септември
Словенија – Полска
Франција – Италија

Треба да знаете
Последни објави