Во текот на посетата на Лондон и Велика Британија меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев оствари повеќе билатерални средби.
Ѓорчев се сретна со Грег Хендс, пратеник од редовите на конзервативците и поранешен министер за Лондон во владата на Тереза Меј.
Ѓорчев оствари средба со Ендрју Розиндел, пратеник од Конзервативната партија на Велика Британија во изминатите 18 години.
Исто така, Ѓорчев се сретна со Кристијан Катнер, генерален секретар на ИДУ од редовите на ЦДУ/ЦСУ од Германија. ИДУ е најголемата глобална организација на десниот центар со 73 партии членки од целиот свет каде што ВМРО-ДПМНЕ е рамноправна членка.
На средбите Ѓорчев ги информираше соговорниците за состојбите во Македонија, како и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев особено ги подвлече влошените економски состојби, проблемите со слободата на медиумите и политичкиот прогон, партизацијата на институциите и бројните проблеми кои резултираат со масовно иселување од државата, особено на младите луѓе.
Воедно, Ѓорчев истакна дека Македонија и Велика Британија имаат одлични политички и економски односи, како сојузници и пријателски земји. Ѓорчев додаде дека двете земји имаат солидна и силна воена соработка во рамките на НАТО алијансата и мисиите.
На крајот, Ѓорчев ја нагласи долгогодишната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија и Вестминстерската фондација за демократија (ВФД), како модел за партнерски однос и доверба.