Верстапен од седмото место до триумф во Монца

Макс Верстапен сигурно граби кон одбрана на шампионската титула во формула 1-шампионатот, откако денеска дојде до 11. победа сезонава со одлично возење, но и тимска тактика на трката за Големата награда на Италија, која се возеше на патеката во Монца.

Изгледаше како Ферари повторно сам да се победи и тоа на домашен терен. Шарл Леклер имаше пол позиција, но тимот се реши за чудна алтернативна стратегија со пневматиците, па тоа го чинеше младиот возач во трката. Иако без сомнеж Верстапен имаше шанси за победата и без грешката на Ферари, а тргна од седмото место на стартот, сепак останува впечатокот дека „коњчињата“ повторно потфрлија.

Холанѓанецот трката ја почна од седмата позиција, но тоа не го спречи прво на стартот, со вистинскиот избор на „меки“ гуми, брзо да дојде до третото место, а потоа и да стане лидер, откако носителот на пол-позицијата, Шарл Леклер од Ферари, беше викнат во боксот.

Тој на крајот заврши на второто место, пред Џорџ Расел на Мерцедес, додека четвртопласиран беше вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, кој исто така направи огромне скок со оглед што стартуваше како 17-ти.
Луис Хамилтон во Мерцедес беше петти (стартуваше од 19. позиција), а бодови освоија уште Серхио Перез (Ред бу), Лендо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (Алфа Таури), дебитантот на Вилијамс, Ник де Фрис и Гуанју Жоу во Алфа Ромео.

Трката заврши под безбедносно возило поради излетувањето на Даниел Рикардо во Мекларен, но Верстапен победата ја осигура претходно, па заврши на подиумот без никаква дамка.

Холандскиот возач во болидот на Ред Бул со 335 бодови е убедливо прв во генералниот пласман, пред Леклер со 219 и Перез со 210.

Треба да знаете
Последни објави