Концерт „Ну Погоди” на отворено со познати теми од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години организира Филхармонијата, вечерва во Градскиот парк во Скопје.
Во аранжмани на Владимир Николов и под диригентската палка на Џијан Емин оркестарот ќе свири теми од цртаните „Балтазар”, „Мечето Ушко”, „Козле Бозле”, „Ну Погоди” и други.
Концертот се организираат во соработка со Младинскиот културен центар и со поддршка на Град Скопје, во рамки на серијалот „Филгармонијата на отворено”.