Жителите на Остриц масовно купуваа пиво во знак на протест поради одржувањето на неонацистички фестивал

Противниците на неонацистичкиот фестивал во источниот германски град Остриц вчера смислија необичен начин на протест – го купија целото пиво од продавниците.

Акцијата уследи откако полицијата забрани алкохол на екстремно десничарскиот фестивал „Schild und Schwert Festival” во хотел каде се собраа околу 500 неонацисти во петокот и вчера.
Полицијата заплени 4.200 литри пиво во петокот и уште 200 литри вчера.

На улиците на Остриц 300 лица мирно маршираа во знак на протест поради десничарскиот фестивал, а локалното население се организира и купи повеќе од 100 гајби пива од продавниците во градот.

Треба да знаете
Последни објави