Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро беше подложен на операција на коленото. Хируршката интервенција беше успешна.
Според „Ројтерс”, за време на операцијата, беше отстранет фрагмент од коската. Не се знае точното време за закрепнување на тенисерот.
Дел Потро претходно изразил сомневање дека по операцијата ќе може да ја продолжи кариерата. Поради повреда, тој се повлече од турнирот во Лондон.
30-годишниот Аргентинец е победник на УС Опен 2009, има сребрен и бронзен медал од Олимписки игри. Вкупно има 22. трофеја од АТП турнири.