Тимот на Милан ја забележа четвртата победа сезонава во Серија А. Вечерва во 6.коло „Росонерите“ ја совладаа Сампдорија во гости со 1:2 иако речиси цело второ полувреме го играа со фудбалер помалку.
Поведе актуелниот шампион со голот на Месиа во 6.минута, а во 21. минута Де Кетелер даде гол кој беше поништен поради офсајд. Само што почна второто полувреме Рафаел Леао доби црвен картон (втор жолт) па „Росонерите“ продолжија со играч помалку.
А Филип Ѓуричиќ го изедначи резултатот со голот во 57. минута. Во 65. минута Гонзало Вилар играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата после реакција на ВАР реши да ја погледне снимката. Покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Оливие Жиру. Тој гол му ги донесе трите бода на Милан на овој меч.
По завршување на мечот судијата му покажа и црвен картон на тренерот на Сампдорија Марко Џампаоло поради неспортско однесување.