Репрезентацијата на Србија обезбеди настап на Олимписките игри во Токио следната година, откако попладнево ја освои Светската лига.
Српските ватерполисти во финалето во Белград ја совладаа Хрватска со 12:11(1:3, 5:2, 1:3, 5:3).
За Србија ова е 12. трофеј во Светската лига.
Во мечот за третото место Австралија беше поуспешна од Шпанија со 11:10.