Одлуката на градот Хвар да се обиде со брутално казнување да се запре проблематичното однесување на дел од гостите беше главна тема во последните години.
Фактот дека дел од гостите пијат, спијат и несоодветно се однесуваат на улиците градските власти одлучија да го реши со воведување високи казни.
Така е и оваа година, пишува „Далмација денес“.
За спиење на јавен површина ќе бидете казнети од комуналните службеници со 400 евра.
„Спиењето на јавна површина ќе ве чини повеќе од цената што ја плаќате во вашето сместување”, пишува на таблите.
„Главниот градски плоштад не е место за пикник”, вели друго известување на кое се пречкртани луѓето што пијат. Казната е 400 евра.
„Алкохол? Не на јавни површини”, вели третиот плакат. Казната за пиење алкохол во јавност е 700 евра.
Текстот продолжува под рекламата
„Градот е културен центар, а не плажа”, се вели во соопштението во кое се нагласува фактот дека е забрането да се оди во градот во костими за капење. Од нивните гости велат дека очекуваат да бидат соодветно облечени. Инаку, ќе платат казна од 500 евра.