(Видео) Роберт де Ниро, Стивен Кинг и Мартин Шин го нападнаа Трамп, критикувајќи ја и Русија

Познати американски личности, меѓу кои актерите Роберт де Ниро, Мартин Шин, Лоренс Фишбурн и Софија Буш, потоа продуцентот Роб Рајнер и писателот Стивен Кинг, снимија заедничко видео во кое се обвинува ат претседателот Доналд Трамп дека дошол на власт со помош на „заговор“ со Русија.

Јавните личности тврдат дека во 2016 година руската влада „ја нападнала демократијата” во Соединетите Американски Држави со започнување на „масовна тајна операција за да му помогне на Доналд Трамп да дојде на власт”.

https://twitter.com/nowthisnews/status/1141899287485407235

На крајот од снимката, познатите личности тврдат дека шефот на Белата куќа ќе одговара за тоа.

„Доналд Трамп, ако слушаш, во име на целиот американски народ, ќе одговараш за тоа, бидејќи никој, дури ни претседателот на САД, не е над законот”, заклучуваат тие.

Треба да знаете
Последни објави