Русин посегнал по нож на улица во центарот на Грозни, главниот град на сојузната држава Чеченија, при што ранил две лица, полицаец и офицер од Националната гарда на Русија.
Веднаш по инцидентот, сторителот бил убиен, потврдија локални претставници на министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во неделата, а осомничениот со нож ги нападнал полицајците, откако, наводно, одбил да покаже возачка дозвола кога бил сопрен за контрола.
Безбедносните сили потоа го ликвидирале сторителот, соопшти министерството.
На снимките објавени на социјалните мрежи, може да се види како изгледала потерата по него, а се слушаат и истрели.
Според неофицијални информации, цивили не биле повредени за време на инцидентот.