Властите на градот Ривиера Бич на Флорида мораа на хакери да им исплатат 600.000 долари, за компјутерите на вработените во општината повторно да проработат.
Имено, општинските компјутери биле заразени со компјутерски вирус којшто ги онеспособил мејловите и системот за итни повици. По консултации со експерти за киберкриминал, Општинскиот совет изгласа да им се исплати бараната сума на хакерите, соопшти гласноговорничката на тоа тело, Роуз Ен Браун.
– Се потпираме само на советите на стручните лица… Нема гаранции дека хакерите ќе ги оспособат службените компјутери откако парите ќе бидат исплатени, изјави таа.
Сумата е исплатена во криптовалути. Градското осигурување го покри трошокот.
Ривиера Бич има околу 34.600 жители.
Во 2018 година, забележани се 1.493 хакерски напади, а притоа се исплени вкупно 3,6 милиони долари, според податоци на ФБИ.