Земјотрес со јачина од 3.7 степени го вознемири синоќа жителите на Рим кои излегоа на улиците. Во блискиот град Колона забележани се и оштетувања од земјотресот.
Според Италијанскиот сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил источно од Рим на длабочина од девет километри во непосредна близина на Колона. Во Рим не е забележана никаква штета и нема информации за повредени.
Градоначалникот на Колона, Фаусто Џулијани за италијанската новинска агенција АНСА изјави дека некои градби биле оштетени во градот.
,,Многумина беа исплашени, сите побегнаа на улиците”, рече тој.
Силните земјотреси се честа појава во Италија.Во август 2016 година, речиси 300 луѓе настрадаа во земјотресот со 6,5 степени во Аматрице, централна Италија.