Момчињата кои беа спасени од пештерата во Тајланд не смеат јавно да зборуваат за тоа

Помина една година од како младинскиот фудбалски тим со нивниот тренер, влезе во туристичката пештера во Тајланд и остана заробен. Беа сласени 18 дена подоцна, по сложена спасувачка операција која ја следеше целиот свет.

Момчињата кои живеат во сиромашниот град Мае Саи, не смеат да зборуваат за своето неубаво искуство со новинарите. По нивното спасување, тие потпишале филмски договор со „Нетфликс“, го пропатуваа светот, а нивната приказна е пренесена во книга и снимени се неколку документарни филмови.

Не е познато колку добиле за договорот со „Нетфликс“, но се шират гласини дека се работи за 100.000 долари по човек.

Нивните пријатели од училишните клупи велат дека тоа нималку не ги променило и дека тие се истите момчиња. Денеска играат фудбал во новиот клуб „Екапол“, кој во меѓувреме го основаше нивниот тренер, кој конечно го исполни својот сон да предводи своја фудбалска школа.

Единствената жртва на спасувачката операција беше тајландскиот нуркач, Саман Гунан, кој остана без кислород за време на подготвителната операција за извлекување на момчињата. Неговиот споменик денеска се наоѓа во близина на влезот на пештерата.

Треба да знаете
Последни објави