СДСМ реагира на прес конференцијата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која праша „како може аболицираниот криминалец Заев и сега министер за финансии да упрвува со десетина финансиски институции?“
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за економијата. Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ е навикнато парите да завршуваат во нивниот луксузен дворец и на оф шор фирмите во Белизе затоа не го разбираат концептот за враќање пари кон граѓаните. По 11 години економска стагнација, осиромашување на граѓаните, меѓународна изолација, оддалечување од ЕУ и НАТО државата е крената на нозе и чекори напред. За само 2 години од заробена држава станавме светол пример во регионот. Парламентите на 19 членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристапување во Алијансата, а по најпозитивниот извештај на Европската комисија и заклучоците на Советот на министри, нашата државата годинава ќе започне преговори со ЕУ. Економијата од негативни -1,8 проценти во времето на ВМРО-ДПМНЕ и стагнација, сега расте и се развива со добро темпо, затоа имаме раст од 4,1% на БДП. Просечната плата се зголеми за околу 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.
Минималната плата е зголемена од 9.000 на 12.500 денари. Невработеноста е намалена на историски најниски 17,4 проценти, отворени се околу 50 илјади нови работни места. Успесите на Зоран Заев на меѓународен и економски план математички прецизно се за подобар живот на сите граѓани, а овие лекции ВМРО-ДПМНЕ уште многу време ќе треба да ги учи. По постигнатиот успех на меѓународен план во последните две години, следуваат храбри чекори во економијата и социјалната политика и финансиите, а на чело на оваа економска иницијатива ќе биде премиерот Зоран Заев. Премиерот Заев е фокусиран на економски резултат, уште позасилено, за подобар животен стандард на сите наши граѓани.