Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев денеска официјално потврди дека го врати на тренерското столче Александар Васоски по отказот што минатиот викенд му беше врачен на Ѓорѓе Стојчев.
Васоски се враќа во редовите на струмичкиот прволигаш од кој замина во јануари за да го преземе кормилото на Сараево.
По воведните шест кола од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев е шестопласирана со ефект од две победи, три порази и еден нерешен натпревар.
Во следното коло струмичкиот прволигаш му гостува на Тиквеш в недела во Кавадарци.