Дел од нивните кореографии беше и палењето на големо знаме на УЕФА. Ова не е случајно, бидејќи беше познато дека мечот ќе го следи првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин, а во негово друштво бил и Звонимир Бобан, хрватската легенда со функција во УЕФА.
Навивачите на Динамо се познати дека „жнеат“ казни каде и да заминат на гостување низ Европа, а овој пат ги предизвикаа дисциплинците на УЕФА со дрзок пиромански чин на својот стадион.