Де Роси останува во Серија А, во игра се пет клубови

Искусниот италијански фудбалер Даниеле де Роси одлучи да остане во Серија А, а за него се заинтересирани пет големи клубови.

 

Де Роси наводно одлучил да остане во Италија и да продолжи да игра фудбал, иако тоа значи дека ќе биде дел од некој од ривалските клубови на неговата сакана Рома.

И претходно добивал понуди од странство, поточно од Бока Јуниорс, Лос Анџелес и од Лос Анџелес Галакси, но очигледно не сака да си замине од родната земја.

Најизвесна дестинација за поранешниот капитен на Рома е Сампдорија, каде нов тренер е Еусебио ди Франческо, а претседател е Масимо Фереро, горд навивач на Ром

Се тврди дека Де Роси пред еден месец добил понуда од Сампдорија, но дека условите и околностите се смениле.

Останатите опции се Интер, Милан и Фиорентина, но и Аталанта која ќе игра во ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави