Гитаристот нa „Пинк Флојд“, Дејвид Гилмор на аукцијата во Њујорк продаде 127 гитари од неговата колекција за речиси 21,5 милиони долари и целата сума ја донираше на непрофитната организација ангажирана во борбата против климатските промени и заштита на планетата ClientEarth.
На аукцијата која се одржа минатата недела во „Кристи“ во Њујорк, собрани се 21,490,750 долари и се поставени некои светски рекорди кога станува збор за продажба на гитари, објавија американските медиуми.
Седумдесет и тригодишниот музичар ги донираше сите средства од аукцијата на ClientEarth, непрофитна организација која се бори за заштита на планетата на која живееме.