Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтер го погоди источниот брег на Русија, соопшти американскиот Геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот бил на 152 километри северозападно од Николск, од Комнадорските острови, на длабочина од околу 33 километри, пренесе Ројтерс.
Нема информации за жртви и материјални штети, ниту има предупредување за цунами.