Познатата оскаровка Анџелина Џоли беше видена во безгрижна прошетка и шопинг со својата ќерка Вивиен (10), која ја доби од врската со холивудскиот актер Бред Пит.
Анџелина и Вивиен наводно се многу блиски, а од фотографиите може да се види дека тие уживаат во меѓусебното дружење. Славната мајка е позната по својата љубов кон децата, па има дури шест, три биолошки и три посвоени.
Среќната мајка и ќерката беа видени во прошетка само неколку недели откако во јавноста излегоа груби и сурови закани од поранешниот сопруг на Анџелина и таткото на Вивиен, Бред. Актерот на Анџелина ѝ дал ултиматум да потпише документи за финализирање на нивниот развод или ќе се соочи со финансиски санкции.