Мане: Подготвен сум да го заменам трофејот од ЛШ за оној од Африканскиот куп

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане призна дека би заменил трофејот од Лигата на Шампионите, кој Ливерпул го освоија на почетокот на месецов, за оној од Купот на Африка.

Голгетерот е капитен на Сенегал, кој досега никогаш не го освоил најголемото одличје во африканскиот фудбал.

„Од нас зависи да постигнеме нешто големо. Се разбира, ние сме еден од фаворитите, не можеме да го криеме тоа. Но, тоа не е доволно за да стигнеш до крајот. Да го освојам трофејот со мојата земја, која никогаш досега не го освоила Купот на африканските нации, ќе биде прекрасно. Јас сум дури и подготвен да го заменам трофејот од ЛШ за оној од Африканскиот куп. Враќањето во Дакар би било исклучително. Ова е мојот најголем и најлуд сон”, изјави Мане во интервју за „Франс Фудбал”.

Треба да знаете
Последни објави