Македонскиот фудбалски интернационалец Јани Атанасов постигна гол од слободен удар во победата на сплитски Хајдук против Славен Белупо од 5:1. Атанасов доби шанса да игра на овој меч од клупата за резерви во 74 минута, а само три минути подоцна ја погоди мрежата на гостите од слободен удар. Топката која ја упати Атанасов од живиот ѕид го промени правецот на движење и заврши во голот. За Атанасов ова е втор гол сезонава во ХНЛ.
Хајдук на полувремето губеше, а резултатскиот пресврт го направи во второто полувреме. Јан Млакар измрани во 51, на 2:1 зголеми Давид Чолина во 60 минута, а во последните минути од мечот двапати во листата на стрелците се запиша Никола Калиниќ.
Со овие три бода, Хајдук сега има 12 и е на треттото место по шест одиграни средби.