Рома по добриот старт на сезоната во италијанската фудбалска калчолигашка Серија А доживеа дебакл на гостувањето кај Удинезе (4:0). Екипата на тренерот Жозе Мурињо имаше шанси, не ги искористи, па домаќините ги казниј. Серијата голови ја почна Удогие во петтата минута. Голеадата продолжи во второто полуреме со погодокот на Самарџиќ во 56. минута, а 19 минути подоцна во листата со стрелци се запиша Переира. Конечниот резултат го постави Ловриќ во 82. минута.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вечерва не доби шанса да заигра за тимот на Удинезе, остана на клупата за резервни фудбалери.
Удинезе по пет кола има 10 бода, колку и Рома и се наоѓа на делбата на четвртата позиција, додека пред нив се Аталанта, Милан и Наполи.
https://twitter.com/i/status/1566501498971987968