Струмичкиот фудбалски прволигаш Академија Пандев по убедливиот пораз пред своите гледачи од лидерот Струга ТЛ (0:3) вечерва се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев.
Ова беше трет пораз за екипата од Струмица во првите шест кола во македонскиот шампионат. Академија Пандев се наоѓаат на петтата позиција со само седум бода, што беше доволно за раководството на екипата да се збогува со Стојчев преку социјалните мрежи.