Кирјос: ќе биде забавно, можам да го победам Медведев

Ник Кирјос ја оправда улогата на фаворит и славеше над Џефри Џон Волф во 1/16 финалето на Ју-Ес Опен со што ќе гледаме вистински спектакл во следната рунда затоа што негов противник ќе биде Данил Медведев.

Русинот важи за прв фаворит за пехарот во Њујорк, но Кирјос ќе има што да покаже против него и најдобар доказ за то е меѓусебниот дуел во кој Австралиецот води со 3-1 во победи.

-Моето ниво на игра е тука. Мислам дека во моментов има само неколку играчи кои играат подобро од мене или како мене. Не е срамота да загубиш од играч како Медведев, но со оглед на тоа што имав успеси со него во минатото и што точно знам кој е мојот план за игра, верувам дека имам шанси. Не можат многу играчи да го кажат тоа пред дуелот со Медведев на Ју-Ес Опен, -рече Ник кој славеше на последниот дуел против Данил во Монтреал.

-Тоа е важно, бидејќи натпреварот се одигра неодамна. Кога загубив од него на Австралија опен, го имав победено и претходно, но чувствував како тоа да беше одамна. Во исто време, играв на погрешен начин, не бев ни блиску до нивото на кое сум сега. Сега тој меч во Монтреал ни е на ум и на двајцата. Многу се почитуваме, го почитувам и неговиот тренер, ќе биде забавна борба, порача Кирјос.

Медведев, пак, смета дека ќе биде добра борба.

-Добри сме. Ние не сме пријатели, не мислам дека тој го мисли истото. Кога велам „пријатели“, не сме оделе заедно во кафеана. Никогаш не сме се карале на теренот, ама тоа може да се промени. И двајцата сме импулсивни. Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина-вели Медведев и додава:

-Сите знаевме дека е способен за големи работи. Еден од најдобрите сервери. Играв против Иво (Карловиќ). Иво има неверојатен сервис. Ник не е далеку. Тој е способен за сервис со 140 милји на час. Прилично е прецизен. Се чини дека е сконцентриран на кариерата. Чувствувам како понекогаш да не сака тоада го покаже. Чувствувам дека сака да биде сериозен професионалец. Одлично е и за него и за тенисот -заклучи Русинот.

Треба да знаете
Последни објави