Венецуелските власти спречија нов обид за државен удар, изјави министерот за информации, Хорхе Родригез.
-Имаме видео запис што покажува дека пари и оружје се префрлени заради обид за државен удар, изјави Родригез.
Според него, планот бил да се заземат складиштата за муниција и воениот аеродром во Каракас, а потоа да се ослободи поранешниот министер за одбрана, Раул Бадуел, од затвор, и да се прогласи за претседател.
Бадуел е осуден во 2009 година за корупција.