Европската комисија обезбеди 90.000 евра хуманитарна помош за помош на најранливите граѓани погодени од поплави кои се случија на почетокот на месецов, соопшти програмата ,,ЕУ за тебе”.
Средствата се наменети за поддршка на Црвениот крст на Србија при испорака на неопходната помош, вклучувајќи вода за пиење, храна, производи за хигиена и пза домаќинство, како и психосоцијална поддршка. Помошта, исто така, ќе биде обезбедена и за обнова на оштетените куќи и парична помош.
Хуманитарната помош ќе биде обезбедена за 7.650 лица во 13 општини во централна и западна Србија. На 3 јуни, поради обилните врнежи од дожд, Србија беше погодена од поплави и порои, загрозувајќи 11.650 луѓе во 20 градови и општини во централна и западна Србија, а неколку илјади хектари земјоделско земјиште беа уништени.