Откако Бенфика потврдија дека добиле понуда од Атлетико Мадрид за неверојатни 126 милиони евра за талентот Жоао Феликс, станува јасно дека 19-годишниот Португалец ќе тане четвртиот најскап фудбалер во историјата и ќе го сруши рекордот на „јорганџиите“ од 72 милиони евра кои минатото лето ги платија за 70 отсто од правата за Томас Лемар.
Поскап од него е само Нејмар со 222 милиони евра од Барселона во Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе со 180 милиони евра од Монако во Пари Сен-Жермен, и Филипе Кутињо, кој од Ливерпул дојде во Барселона за 120 милиони евра плус 40 милиони евра во бонуси, од кои половината се веќе исплатени.
Феликс ќе го надмине својот идол Кристијано Роналдо, кој во моментов е четврти со 112 милиони евра кои Јувентус ги платија на Реал Мадрид минатато лето.