Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски како слободен играч се пресели во ерменскиот шампион Пјуник, откако претходно си замина од унгарски МТК.
Спировски потпиша договор на една година со Пјуник, каде што ќе му се приклучи на уште еден македонски фудбалер Марјан Радески, па ќе играат заедно во групната фаза на Конференциската лига.
Овој 32-годишен фудбалер има богата интернационална кариера, односно играше за екипите на Мариупол, АЕК Ларнака, Ференцварош, Хапоел Тел Авив и други, додека во македонскиот шампионат го носеше дресот на Вардар, Пелистер и Работнички.
????????
Officiel ✅ : Le FC Pyunik ???????? signe un nouveau joueur !
Il s’agit de Stefan Spirovski ????????, il jouait précédemment à MTK Budapest ????????. pic.twitter.com/YYK8UXWsKl— Arménie Football (@ArmenieFootball) September 2, 2022