По речиси 75 години од завршувањето на Втората светска војна, холандската железница планира да им понуди отштета на жртвите на холокаустот и нивните семејства бидејќи учествувале во транспортот на Евреите во нацистичките логори во Холандија.
Железничкиот превозник НС ќе им стави десетици милиони евра на располагање на жртвите, објави во средата шефот на НС Роџер ван Бокстел во холандскиот град Утрехт.
Комисијата тврди дека меѓу пет и шест илјади преживеани од нацистичките логори или нивните роднини имаат право на отштета, која изнесува од пет до петнаесет илјади евра по човек.