Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) констатира серија „сериозни проблеми” покренати од истрагата за убиството на малтешкиот новинар Дафне Каруана Галиција, и повика на отворање независна јавна истрага во рок од три месеци, јавува дописникот на МИА одСтразбур.
Во резолуцијата усвоена врз основа на извештајот на Питер Омцигт (Холандија, ЕПП / ДХ), ПССЕ побара од малцинските власти „сериозно да ги истражат и да ги гонат” оние кои се вклучени во скандалите откриени од Дафне Каруана Галиција и нејзините колеги или кои профитираат од нив.
Парламентарците забележаа низа „сериозни скандали” во Малта во последниве години, додавајќи дека некои луѓе кои се вклучени во овие случаи се чини дека „уживаат неказнивост, под заштита на премиерот Мускат”.
– Владеењето на правото во Малта е сериозно погодено од многу несоодветното одвојување на власта”, смета ПССЕ.
ПССЕ ја повика Малта итно да ги спроведе сите реформи препорачани од експертите на Венецијанската комисија на Советот на Европа и нејзиното антикорупциско тело, ГРЕКО, истакнувајќи дека неодамна поднесениот нацрт-закон за државен адвокат „не е доволна за реформата на канцеларијата на јавниот обвинител”.