Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Индија да ги укине неодамна воведените царини за американските производи пред состанокот со индискиот премиер Нарендра Моди, кој ќе се одржи утре на маргините на самитот на Г20 во Осака, Јапонија.
Барањето доаѓа само еден ден откако американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посети Индија и заедно со неговиот индиски колега, Субрахманим Џаишанкар, се обиде да ги ублажи трговските спорови.
Соединетите Американски Држави неодамна ги укинаа трговските повластици за Индија, а Њу Делхи одговори со наметнување царина за околу дваесет американски производи.
„Ова е неприфатливо и царините мора да се укинат”,напиша Трамп на „Твитер“, неколку часа пред да слета во Осака.