Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во рамки на годишната програма за промоција на туристичките потенцијали на земјава и привлекување странски туристи, најавува кампања за земјава како следна дестинација за одмор.
На креативен начин, АППТ допира до потенцијалите туристи кои патуваат долж автопатот – Е75, пласирајќи фотографии од храна и вино, туристички атракции и познати локации каде можат да поминат дел од своето слободно време.
– Насочувањето и задржувањето на туристите кои минуваат низ Република
Северна Македонија се одвива преку билборд кампања во Србија која е во траење од
четири недели и опфаќа бројни билборди поставени по должина на автопатот Е75.
Почнувајќи од Белград, па се до македонската граница , овој пристап со т.н.
надворешно рекламирање значи директно зајакнување на промоцијата на локациите
кои се атрактивни за туристите, а се наоѓаат во непосредна близина на автопатот, се наведува во соопштението на Агенцијата.
Во фокусот на промоцијата е гастрономијата и искуството кое туристите би го добиле доколку одберат да одморат попатно во земјава.
На билбордите може да се видат актрактивни фотографии од традиционална македонска
храната и вино, преку блесокот на Охридското и Дојранското езеро, археолошките приказни на Стоби, па се до динамиката на Скопје.
Очекувањата од овој тип на рекламирање е да се надмине минатогодишниот
број на туристи во Демир Капија, Дојран и други места долж патниот правец Е-75
преку праќање пораки дека доколку застанат ќе искусат само трошка од она што нашата
земја може да го понуди.