Малтешката полиција трага по Србинот кој нападна Македонeц

Малтешката полиција сé уште трага по Србинот, кој со нож нападна 58-годишен Македонец во Бугаби, Малта.

Македонската заедница во Малта на „Фејсбук“ објави дека напаѓачот е Милош Видаковиќ. Тие приложија негови негови фотографии и ги повикаа сите што знаат нешто за Видаковиќ да се јават во полиција. Во меѓувреме, профилот на Видаковиќ на „Фејсбук“ е избришан.

„Во Малта нема простор за луѓе како него, се надеваме на брз одговор од властите“ беше соопштено.

Според локалните медиуми, полицијата го третира нападот како обид за убиство.

Видаковиќ, по расправатаа, го прободел човекот од Македонија, а според некои информации, двајцата не се познавале. Се сомнева дека Македонецот сакал да прекиненекаква тепачка или расправија, но за жал тој беше ранет.

Според медиумите, тој закрепнува и веќе не е во критична состојба. Долго време живее во Малта, каде што има пекарница.

Треба да знаете
Последни објави