Мицевски му даде шарени пенкала на Заев: За Дураку да остане на власт измисливте ново министерство

Предложените кандидати се крпени решенија помеѓу коалициските партнери, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по претставувањето на новите министри од страна на премиерот Зоран Заев.

-Дали културата треба да ја води лекар? Со ова културата ќе биде трагична. Зошто Исмаили не го ставивте на местото на Филипче, па може ќе имаше резултати. Докажавте дека не смеете да го разрешите министерот за животна средина иако ништо не направи. За Садула Дураку да остане на влст моравте да измислите ново министертво. За да ги задоволите коалициските апетити го ставивте Горан Милевски за министер за локална самоуоправа, рече Мицевски.

Мицевски на пултот на спикерот Талат Џафери му остави на премиерот неколку пенкала во различна боја со цел, како што рече , „Заев да не се збуни кога ќе потпишува документи како премиер и министер за финансии“.

-Во владата останаа клучните министри за тендери и скандали. Зошто не беше сменет Оливер Спасовски, чија работа е проследена со нерешени убистван и насилства, неовластено прислушување… Зошто не е сменет Кочо Анѓушев, кој е одговорен за катастрофалната економија. Зошто не е сменета Радмила Шеќеринска, со оглед дека во одбраната има сомнителни набавки, а војниците носат искинати униформи и чизми? -праша Мицевски.

Според него, сите министри покажале дека немаат капацитет за водење на министерствата, но, додаде тој, ниту новите не влеваат надеж дека ќе бидат подобрени состојбите во нивните ресори.

Треба да знаете
Последни објави