Компанијата „Тојота“ влезе во Гинисовата книга на рекорди, беше објавено на нивниот официјален блог, но ваквото достигнување нема никаква врска со производството на автомобили. Во 2017 година инженери од јапонската компанија решиле дека би било забавно да го искористат своето слободно време за изработка на кошаркарски робот кој би можел да погоди кош од секој обид.
До април 2019 година, ја претставија својата трета модификација на роботот, кој што го нарекоа CUE3, а веќе следниот месец, роботот се обиде и успеа да постави гинисов рекорд за најуспешна серија на слободни фрлања на хуманоиден робот (со човечка помош).
Првата цел на тимот за поставување на светски рекорд била 1.000 кошеви, која CUE3 лесно ја постигнал, така што му била поставена нова цел – 2020, симболична цифра во знак на престојните Олимписки игри во Токио. После тоа, тие се одлучиле да се запрат, иако роботот се уште не промашил ниту еден кош.
Сепак, колку и да е ова достигнување импресивно, CUE3 не е ограничен само на слободни фрлања. Вештачката интелигенција која го управува роботот успешно ја одредува оддалеченоста до целата, што практично значи дека тој може да погоди кош и од линијата за три поени, па дури и од центарот на теренот. Погодоците ги реализира подеднакво успешно со лева и десна рака.