Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на отворен Балкан“ денеска беше отворен под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија како дел од иницијативата Отворен Балкан.
И тениската легенда Новак Ѓоковиќ се претстави со свој штанд на саемот за вино, а неговите вина со едноставна налепница „Ѓоковиќ“ предизвикаа големо внимание кај посетителите. Лидерите на Западен Балкан Ковачевски, Вучиќ и Рама, го посетија неговиот штанд и ги дегустираа вината на тенискиот првак.
– Еве ме фатија во круг, а јас не сум навикнат да пијам, низ смеа се пожали најдобриот српски тенисер на штандот на семејната винарија.
-Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил.