Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов со фотографија од Никола Груевски со лисици на рацете спроведуван во судот во Будимпешта предизвика тензија во Собранието за време на расправата за избор на новите министри во Владата.
– Полна ви е устата со злоба. Опозицијата треба да биде критичар, но треба да понуди и решение. Ниту сум слушнал ниту видел понуда, така не се доаѓа на власт. Се дури не се оградите од овој човек со лисици, капче и ночари во суд во Будимпешта, се дур не се оградите од овој човек кој уште ви ги дава насоките како да псотапувате, како да дејствувате, преку неговата уста и очи кој се вика Христијан Мицкоски, нема да дојдете на власт. Граѓаните не сакаат да гледаат пак такво ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде и главен уредник на вести, и полицаец во МВР, кое ќе биде и прв судија, ќе монтира судски процеси. Граѓаните нема да го дозволат тоа. Позади вас седи Вељаноски, човек обвинет за организација на нападот и насилствата во Собранието на 27 април 2017. Дајте свртете се малку кон себе, оградете се од криминалот, им порача Костадинов на пратениците од опозицијата.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кусо му одговори „Многу сте влезени во филм“ и го потсети колку гласови изгубиле на последните претседателски избори.
-Кои ви се тие Кики, Баки, Мики и слични ликови. Одете си од власт и спасете ја Македонија – рече Мицевски.
(Фото: СДК)