Стефан Траксел, раководител на проектот на швајцарската новинска агенција Кејстон – СДА, е добитник на Наградата за посебни достигнувања на Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА) за 2019 година.
Траксел и неговата екипа развија робот за генерирање текст наречен „Лена” за известување за гласање. „Лена” создаде и објави речиси 9.000 кратки текстови на германски и француски јазик.
За наградата на ЕАНА се пријавија новинските агенции на Грција (АНА-МПА), Австрија (АПА), Албанија (АТА), Швајцарија (Кејстон-СДА) и Русија (ТАСС).
Петер Кропш, претседател на ЕАНА и директор на германската новинска агенција ДПА, рече дека „наградениот проект треба да го реши релевантниот проблем на иновативен начин, треба да се примени и за другите членови, да ја земе предвид анализата на трошоците и придобивките и да го прошири известувањето”.
Победникот Траксел е поканет да учествува на Генералното собрание на ЕАНА, што ќе се одржи во Прага оваа година, каде што ќе ја прими Наградата за посебни достигнувања на ЕАНА за 2019 година и симболична награда од илјада евра.