Различните бои на овошјето и зеленчукот имаат различно дејство на вашето здравје. Треба да знаете што секоја боја му носи на вашето тело за да може правилно да се храните во однос на состојбата на вашиот организам.
Многубројни научни истражувања покажуваат како комбинацијата на различните бои на намирниците може да бидат исклучително добри за вашето здравје.
Еве кои предности ги носи бојата на овошјето и зелнчукот на вашиот организам.
Црвена боја
Храната која има црвена боја во себе содржи ликопен кој му помага на телото да се ослободи од штетните радикали и помага во спречување на згрутчување на крвта. Дури и влијае на одложување на процесот на стареење на ќелиите. Затоа бирајте намирници како што се на пример, цвеклото, црешите, грозјето, шипинките, но и јагоди, малини, вишни.
Жолта и портокалова боја
Храната која е со ваква боја содржи алфа каротен кој нè штити од карцином, но и бета каротен кој во телтото се претвора во витамин А, па ја штити кожата од влијанието на слободните радикали. Бета каротенот е исклучително важен во овие летни денови, но и во текот на целата година. Намирниците кои би требало да ги внесете во вашата исхрана се, пченка, жолта пиперка, лимон, круши, ананас, диња и портокали.
Зелена боја
Храната со зелена боја во себе содржи хлорофил кој го прочистува телото, но и калциум и различни минерали. Затоа немојте да одложувате да јадете зелена салата, блитва, зелје, рукола, краставици, тиквици. Од овошјето секако дека може да јадете зелено јаболко, киви, лимета, авокадо.
Виолетова и сина боја
Виолетовата и сината боја на храната во себе содржат антоцијанини кои го намалуваат крвниот притисок и го подобруваат здравјето, но и го зајакнуваат срцето. Меѓу оваа храна незаменливи се боровниците, капинките и сливите, но и смоквите и доматите.
Бела боја
За самиот крај, белата боја е таканаречена “небоја“. Но, кога станува збор за храната, во себе содржи алицин кој го спречува растот и појавата на тумор, и исто така содржи и калиум. Затоа не започнувајте го оброкот без лук, компир, кромид, карфиол и ѓумбир. Секако, не ја заборавајте бананата.