СДСМ со Соопштение за јавност реагира на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека извештајот на ГРЕКО потврдил дека Владата е вистински режим.
-Безобразлук е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за режим. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го создадое режимот кој граѓаните го победија. ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на корупција, непотизам, наместени тендери, заташкани убиства, уцени и закани нема никаков кредибилитет да зборува за извештајот на ГРЕКО. Токму последниот извештај на ГРЕКО посочува примери на корупција, кршење на човековите права, се посочува дека поранешниот премиер Никола Груевски е под истрага за нелегално финансирање на партијата. Неправилностите на кои се повикува Извештајот се однесуваат на 2017 година и порано, односно директно во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес се постапува по препораките на ГРЕКО, постојано се реализираат реформи, се враќа довербата во институциите, транспарентноста и отчетноста се на високо ниво. Наместо да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прочитаат убаво Извештајот и да погледнат кон себе, изобилуваат со криминал, ништо не се менува кај нив, се уште штитат осуденици и криминалци. Денес, институциите функционираат професионално и пред се транспарентно. Граѓаните и јавноста имаат увид во работењето. Времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски интереси заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Од заробена држава денеска сме светол пример, велат од СДСМ.