Лажна дојава за бомба во индиски авион

Авион на Ер Индија, кој патуваше во САД, слета на аеродром во Лондон, поради закана од бомба, која беше лажна, изјави претставник на компанијата.

Тој додаде дека авионот подоцна го продолжил летот кон САД.

Дојавата за бомба е примена на аеродромот во Мумбај.

Ер Индија претходно соопшти дека патничкиот авион од таа компанија од претпазливост слетал на аеродромот Станстед во Лондон, поради закана од бомба.

За време на слетувањето, авионот е придружуван од британски борбени авиони, а пистата на која слета кратко време беше затворена.

Треба да знаете
Последни објави