На принцот Вилијам не би му пречело ако неговите деца се хомосексуалци

Принцот Вилијам (37) и неговата сопруга Кејт Мидлтон (37) честопати познавачите на кралското семејство ги истакнуваат како пример на родители што добро ги воспитуваат своите деца. Вилијам го прашаа што ќе стори ако едно од неговите деца му каже дека е хомосексуалец и како ќе реагира.

„Мислам дека луѓето не размислуваат за тоа сè додека не станат родители. Мислам дека… е во ред“, рече тој.

Исто така, откри дека тој и неговата сопруга честопати разговараат со децата за тоа за да им дадат повеќе информации за оваа тема.

Тој истакна дека не би го загрижувало тоа што неговото дете би се изјаснило како хомосексуалец, туку тоа што целиот притисок ќе падне врз нив.

Треба да знаете
Последни објави