Полицајците во Мексико кои сакаат да се приклучат на Националната гарда мора да ослабата за да се занимаваат со мигрантската криза во земјата.
На група полицајци им беше кажано дека имаат шест месеци за да ги исполнат условите за тежина или да ги променат своите работни места.
Истражувањето на Националната агенција за статистика и географија за 2017 година покажа дека 79 отсто од полициските службеници во земјата имаат прекумерна тежина или се дебели.
На почетокот од оваа година претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор од Конгресот доби одобрување за нова Национална гарда која ќе има 60.000 војници, со што го исполни ветувањето дека ќе се концентрира на борбата против организираниот криминал и општото беззаконие.
Сепак, критичарите тврдат дека Националната гарда не се занимава со организиран криминал и беззаконие туку со имиграциската криза, бидејќи луѓето од Централна Америка се обидуваат да стигнат до САД преку Мексико.