После судирот со автомобили, возачите се степаа среде улица во Сараево
Во сараевската населба Илиџа, вчера во попладневните часови се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобили.
Меѓутоа, самата несреќа не била во прв план, туку она што се одиграло после тоа.
Според неофицијални информации, возачот кој бил виновен бил пијан и се обидел да избега од местото на настанот.
Возачот чиј автомобил бил оштетен сакал да го спречи постариот возач да избега, но тој се вратил со алат и почнал да го удира. После тоа настанала тепачка, погледнете: