Швјонтек со лесна победа и покрај тоа што се жалеше на „ужасните“ топчиња на САД опен

Светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек помина само еден час и шест минути на терените на САД опен, за да стигне до лесна 6:3/6:0 победа над Италијанката Јасмине Паолини, и покрај тоа што пред стартот на гренд слемот во Њујорк се жалеше на новите „ужасни“ топчиња кои се користат на овогодишниот турнир.

За 21-годишната Полјачка Швјонтек, ова беше 18. сет кој го доби со 6:0 ова сезона, и стана најмладата тенисерка која стигнала до 45 победи на гренд слем турнирите по Каролине Вознијацки во 2011 година.

Двократната шампионка од Ролан Гарос, во второто коло ќе игра или со шампионката од 2017, Американката Слоун Стивенс или Белгијката Грет Минен.

Треба да знаете
Последни објави