Собранието ги изгласа новите министри
По повеќе од десет часа расправа, Собранието доцна вечерва ги изгласа новите министри предложени од мандатарот Зоран Заев.
Промените за реконструкција на Владата се до не повеќе осум луѓе, рече Заев, затоа предложивме промена на седум. Тој најави дека промените ќе продолжат и во други институции, на централно ниво, на подрачни единици, јавни институции…
-Оваа промена има за конечна цел подготовка во период кој, според мене, е драгоцен и не треба нашата земја да го пропушти и треба да се подготви со сите максимални капацитети. Таков период се случувал во сите земји кога станувале членки на НАТО или отворале поглавја за членство во ЕУ. Убеден сум дека до декември имаме огромни шанси да станеме членки на НАТО, бидејќи 20 членки веќе го ратификуваа протоколот, како и дека ќе ги отвориме поглавјата 23 и 24 за членство нво ЕУ, рече Заев.
Во еден ваков период, рече, треба да се посветиме на севкупните реформи во државата, а најголеми треба да бидат во нашата лична, поединечна одговорност и чесност.