Министерството за здравство доцна вечерва испрати соопштение во кое тврди дека „оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“.
Ова соопштение дојде по лавината реакции во јавноста, а само неколку часа откако министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. А на Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.